Во селото Златица на патот Зрењанин – Сечањ околу 17 часот и 20 минути се судриле две патнички возила. Двајцата возачи починале на лице место.
Станува збор за М.И.(21) од Бока и В.А.(22) од Стари Лец. Тие загинаа во верижен судар меѓу фиат стил и ауди.
Инаку, на ова место и порано се случувале тешки сообраќајни несреќи со смртни последици, јавуваат српските медиуми.
Телата на несреќните млади момчиња ќе бидат пренесени на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад, пишува Телеграф.
Пожарникарите ги исекле возилата за да ги извлечат телата на жртвите.
Двајцата биле на возачкото седиште, а во возилата немало други патници. Очевидци велат дека најверојатно се работи за голема брзина и дека едно од возилата од засега непознати причини тргнало во спротивен правец, а несреќата се случила на блага кривина во близина на локалните гробишта на Златица.
View this post on Instagram