Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека Владимир Путин му се заканувал со ракетен напад во „вонреден“ телефонски разговор пред почетокот на рускиот напад врз Украина.
Џонсон за Би-Би-Си тврди дека Путин му рекол дека тоа ќе потрае „само минута“.
Според поранешниот премиер, овој одговор дошол откако тој му рекол на Путин дека војната ќе биде катастрофална одлука, за време на телефонскиот разговор во февруари 2022 година.
Џонсон додава дека потоа го предупредил Путин дека нападот врз Украина ќе предизвика западни санкции и повеќе војници на НАТО на руските граници. Тој, исто така, истакнува дека се обидел да го смири рускиот претседател со тоа што му рекол дека Украина нема да се приклучи на Алијансата во скоро време.
„Во еден момент ми се закани велејќи – Борис, не сакам да те повредам, на ракетата ќе и треба само една минута…“. Но, од тонот со кој го кажа тоа, би рекол дека само си поигруваше со моите обиди да преговарам со него“, рече Борис Џонсон.
??????Former British Prime Minister Boris Johnson “opens his heart” on the conversation with Putin before the “unprovoked invasion” pic.twitter.com/whOrGHQ1Uh
— AZ ???? (@AZgeopolitics) January 30, 2023