Основачот на руската воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин изјави дека над градската управа на Бахмут е подигнато руско знаме со натпис „Добар спомен на Владлен Татарски“.
Коментарот на Пригожин беше објавен на каналот Телеграм на неговата прес-служба.
„Вечерва, во 23:00 часот, поставивме руско знаме со натпис „Добар спомен на Владлен Татарски“ и знамето „Вагнер“ во градската управа на Артјомовска (Бахмут). И формално, Артјомовск е освоен“, рече Пригожин во неделата навечер, пренесува РИА Новости.
Според него, „непријателот се уште е концентриран во западните делови на градот“.
Владлен Татарски е воен дописник кој вчера беше убиен во експлозија во кафуле во Санкт Петербург.
April 2, 2023, 23:00. We hoisted a Russian flag with the inscription “To the good memory of Vladlen Tatarsky” and the flag of Wagner on the city administration of Bakhmut. Legally, Bakhmut is taken. The enemy is concentrated in the western districts.
— Prigozhin pic.twitter.com/vZ0X5ozXUn
— Russians With Attitude (@RWApodcast) April 2, 2023