(ВИДЕО) Граѓаните на Истанбул во паника, одеднаш денот стана ноќ – „доаѓа апокалипсата“

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Истанбул одеднаж е во темнина во форма на темен облак.

Од турскиот метеоролошки институт велат дека „над Истанбул поминал облак со дебелина од 7 километри“. Во меѓувреме, сонцето исчезнало 5 минути, а денот се претворил во ноќ. Некои коментираат дека „апокалипсата доаѓа“. Ова појава ги вознемири граѓаните на Истанбул.

Кога темниот облак се движел над градот, почнало да врне силен дожд.

Advertisements

Сајтот TechnoPixel, специјализиран за метеоролошки феномени, вели дека овој густ облак би можел да биде особено голем кумулонимбус со темна боја.

Кумулонимбусните облаци, познати и како громови, често имаат темна, ниска основа, достигнувајќи само неколку стотици метри над земјата. Тие се единствените облаци кои произведуваат грмежи и молњи, а предизвикуваат обилни врнежи.