На милиони Руси денеска им беше речено да побрзаат во засолништата за воздушни напади поради неизбежен ракетен напад откако голем број на радио станици беа хакирани, пренесува Дејли мејл.
Пораката за итни случаи пристигна на многу комерцијални станици во повеќе градови во Рузија, низ најмалку четири временски зони на државата.
Денешната порака ги прекина радио програмите за да се објави со свирење на сирена: „Се објавува воздушна тревога. Сите, веднаш одете во засолништата. Внимание! Внимание! Заканата од ракетен напад.“
Меѓу погодените градови беа Белгород, Стари Оскол, Уфа, Казан, Новоуралск, Новосибирск, Пјатигорск, Тјумен, Воронеж, Нижни Новгород и Магнитогорск, како и голем број места во московскиот регион.
Оваа лажна порака следува по срамниот хакерски напад вчера, во кој главниот говор на Владимир Путин за состојбата на нацијата беше затемнет на онлајн-страниците на големите државни телевизиски станици.