(ВИДЕО) Хрватска окована во снег – од Загреб до Сплит е невозможно да се стаса

Снежно невреме ја зафати Хрватска кое буквално поради непроодните патишта ја отсече Далмација.

Од Загреб до Сплит е невозможно да се стаса, бидејќи патиштата низ Лика се блокирани поради снег, а дува и силен ветер, јавуваат тамошните медиуми.

По патиштата има и превртени возила и заглавени патници.

Advertisements

Повеќе од 80 патници дојдоа во Културно-информативниот центар во Грачац, кој е претворен во прифатен центар за оние кои не можат да го продолжат своето патување, а околу 40 од нив во прифатниот центар во Обровац во Задарската жупанија, јавуваат хрватските медиуми.

Хрватската полиција ги повика граѓаните да не патуваат.