(ВИДЕО) Ирачанец им истури јогурт на две жени во продавница оти не носеле шамии

Иранските власти се во потрага на две жени кои не носеле хиџаб. Тие биле забележани во продавница од еден маж кој им истурил јогурт на главите затоа што не носеле шамии. Видеото стана вирално, а полицијата издаде налог за апсење.

Инцидентот се случил во градот Машхад, во време кога шефот на иранското правосудство се заканувал дека „безмилосно“ ќе ги гони жените кои ги игнорираат строгите правила во земјата за покривање на главата, пренесува британски Телеграф.

На видеото се гледа мајка и ќерка во продавница.

Advertisements

Мажот, кој забележал дека не носат хиџаб, влегол во продавницата и почнал да се расправа со нив, а потоа им истурил јогурт.

Властите издадоа налози за апсење на двете жени бидејќи „извршиле забрането дело“ со симнување на нивните шамии.

Распишана е и потерница по напаѓачот под обвинение за навреда и нарушување на мирот, објави веб-страницата за правда Мизан онлајн.