(ВИДЕО) Излезе драматична снимка од спасувањето на бебето во Морача

Драматична снимка од спасувањето на двомесечно бебе кое вчера било извлечено од Морача откако неговата баба К.К.(62) со него во раце скокнала во реката е објавена денеска.

Бебето било спасено, а телото на бабата било извлечено од водата за кратко време. Неофицијално според полицијата, најверојатно станува збор за одлука на бабата која наводно решила да оди во смрт со своето внуче.

Сега е објавено видеото од моментот кога го извлекле бебето од Морача.

Advertisements

Како што јавуваат тамошните медиуми со брза реакција работниците на градското претпријатие „Зеленило“ Алфи Ибрахимовиќ и Алмир Мујак успеале да го спасат бебето од Морача. Во спасувањето учествувал и Демај Спејтим.

Ибрахимовиќ и Мујак вршеле редовни работни задачи кај мостот Блажово кога виделе дека бебето паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат на брегот.

Детето било без свест, а пратеникот во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да исцеди вода од белите дробови на момчето и да го врати во живот.

Брзата помош брзо реагирала и го пренела момчето во болница.