Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ ја пушти во употреба автопатската делница на делот од Моравскиот коридор од Појат до Макрешан, јавуваат српските медиуми.
– Најважно е што овој автопат ќе обезбеди услови за пристигнување на нови инвеститори – рече Вучиќ додека возеше низ новата делница.
Тој најави дека „до крајот на 2024 година ќе го отвори и Чачак-Краљево“.
– Чарапанците за ова сонуваа 50-60 години, сите им велеа дека ќе има автопат, но тоа никогаш не се случи – рече Вучиќ.
Тој додаде дека овој пат ги поврзува западниот и источниот дел на Србија и затоа е важен.
– Она што траеше 5-6 часа сега ќе биде 2,5 часа – објасни тој и додаде дека по овој коридор живеат половина милион луѓе, но дека со него во суштина ќе бидат поврзани многу повеќе луѓе.
– Патот изгледа прекрасно. Како да сте во Швајцарија – посочи Вучиќ и додаде дека Крушевац наскоро ќе добие и факултет за политички науки, но и за актерска игра и дека има уште време да се инвестира во туризмот околу Крушевац.
Овој автопат е најширок, поширок е за 1,60 метри од другите и ќе биде широк 30 метри, дигитализиран е, насекаде има столбови за 4G, а ќе биде и за 5G мрежата кога ќе биде достапна“, рече Вучиќ. .
Тој додаде дека нема дополнителна работа околу патот, бидејќи изведувачите„Бехтел и Енка“ направиле се како што треба.
Според него, Крушевац како осми по големина град во Србија добива многу од ова, но и Чиќевац, Варварин, Трстеник, како и сите што одат во Копаоник, Врњачка Бања, Краљево.
Тој најави дека до октомври ќе бидат завршени дополнителни 10,7 километри до Кошево и дека денешното отворање на делницата од Моравскиот коридор е голема работа за Крушевац.
View this post on Instagram