Републиканецот Кевин Мекарти е избран во петнаесетиот круг на гласање за претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Мекарти претходно мораше да направи големи отстапки на група на тврди републиканци ткои покренаа прашања за способноста на партијата да владее.
Мекарти претходно претрпе четиринаесет порази, вклучувајќи го и гласањето кога Мет Гец го задржа својот глас кога се приближуваше полноќ, што предизвика негодување од колегите републиканци.
Победата на Мекарти во петнаесетата рунда стави крај на најдлабоката дисфункција во американскиот Конгрес во последните 160 години.
Тоа, исто така, ги покажа сите тешкотии со кои ќе се соочат републиканците при водење на тесно и длабоко поларизирано мнозинство.
На крајот Мекарти победи со разлика од 216-211. Тој можеше да биде избран со гласовите на помалку од половина од членовите на Претставничкиот дом само затоа што петмина од неговата сопствена партија се воздржаа – не го поддржаа Мекарти како лидер, но и не гласаа за друг кандидат.