Црна мечка упаднала во гаража на пекара во Авон, Конектикат, исплашила неколку вработени и изела 60 колачиња пред да замине.
Вработените во пекарницата Taste by Spellbound во Авон Тауншип ставале колачиња во комбе за испорака кога се појавила мечката, јавува АП.
Сопственичката на пекарата, Миријам Стивенс, во објава на Инстаграм напишала дека ја слушнала вработената Морин Вилијамс како вреска и вика дека во гаражата влегла мечка.
Пекарот ја избркал мечката со сирена од автомобилот, изјави Вилијамс.
Четириножниот крадец си заминал додека пристигнаа полицајците и службениците од Одделот за енергија и заштита на животната средина во Конектикат (DEEP).
За среќа, во овој инцидент нема повредени.
Статистиката составена од одделот покажува дека имало рекордни 67 извештаи за мечки кои влегле во домовите во Конектикат во 2022 година. Претходниот рекорд беше 45 во 2020 година.
Помеѓу 1.000 и 1.200 црни мечки живеат во Конектикат.