Спасувачки тим од Република Српска направи се за да спаси што е можно повеќе преживеани од урнатините од земјотресот во Турција.
Во својата мисија виделе секакви ужаси, но почувствувале и неопислива среќа кога ги извлекувале преживеаните од купиштата на железо и бетон.
За спасувачите, кои се наоѓаа во кампот во Караманмараш, најголема среќа им беше кога на 12 февруари живо и здраво го спасија 10-годишното девојче Ирман Бајрак. Тоа беше исклучително емотивен момент за сите присутни, односно најголемата награда што спасувачите од Српска можеа да ја добијат за оваа задача, пренесува Српскаинфо.
„Најрадосниот момент во нашата спасувачка мисија во Турција беше спасувањето на Ирман. Кога нејзината зграда се урна, таа практично падна од вториот кат во подрумот. Веројатноста да се спаси беше навистина мала“, изјави за Српскаинфо Ненад Јовановиќ, член на Одделот за цивилна заштита во Бјелина и член на специјализираниот тим за спасување од урнатини на Републичката управа за цивилна заштита.
Ovo je jučerašnji trenutak sreće kada su momci iz CZ Republike Srpske ispod ruševina izvukli živu djevojčicu! Nakon skoro 160 sati pod ruševinama. Bravo momci, bravo! @novabhtv pic.twitter.com/oEYqQOeQE7
— Tahir Zustra (@tzustra) February 13, 2023
Сепак, храбрите спасувачи успеале во овој подвиг, во кој многу им помогнал Тора, кучето трагач на планинската спасувачка служба на Бања Лука.
„Мајката, таткото и братот на малата Ирман починаа. Кучето го намириса трупот на мајката и даде знак, а кога се приближивме слушнавме глас. За наша среќа малото девојче беше живо. Практично, животот и го спасил трупот на нејзината мајка“, објаснува Јовановиќ.
Ovo je Tora. Još jedan naš potražni pas. U jučerašnjem spašavanju žive djevojčice pod ruševinama, Tora je tačno markirala gdje treba probijati! Nažalost, tako je povrijedila šapu, ali bila je kod veterinara i od sutra će opet biti u akciji! Tora je dio tima CZRS-a. @novabhtv pic.twitter.com/oTnNgxAL3C
— Tahir Zustra (@tzustra) February 13, 2023