(ВИДЕО) Над 5.000 загинати во разорниот земјотрес во Турција и Сирија

Според последните податоци, повеќе од 5.000 луѓе загинале во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Повеќе од 24.000 луѓе беа повредени. Од УНИЦЕФ стравуваат дека помеѓу загинатите има неколку илјади деца. Илјадници згради се урнаа, вклучувајќи археолошки локалитети, тврдина, џамија и патишта. Во текот на ноќта и утрово нови земјотреси.

„Во земјотресите што вчера рано наутро ја погодија јужна Турција и северна Сирија можеби загинаа повеќе илјади деца“, изјави за новинарите портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер.

Тој посочува дека се уште не може да се утврди точниот број на загинати деца во земјотресот.

Advertisements

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во 10 градови погодени од земјотресот е прогласена тримесечна вонредна состојба.

„70 земји понудија помош во потрагата и спасувањето“, рече Ердоган.

Се планира отворање на хотели во областа Анталија за да се обезбеди привремено сместување за луѓето погодени од земјотресот.