(ВИДЕО) Најпознатиот американски новинар најави интервју со Путин, се подготвувал со месеци

Еден од најпознатите американски новинари Такер Карлсон, кој веќе неколку дена е во Москва, се огласи на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) и официјално потврди дека ќе го интервјуира претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Во Москва сме. Тука сме да го интервјуираме претседателот на Русија, Владимир Путин. Тоа ќе го направиме наскоро – вели Такер во објавата.

Како што објасни Такер на самиот почеток на видеото, многу е ризично да се спроведе вакво интервју и затоа работеле со месеци и смислиле план како да го направат тоа, а потоа ја објасни и причината зошто сакал да направи интервју со Путин.

Advertisements

– Прво, мораме да го направиме ова интервју затоа што тоа е наша работа, второ затоа што сме новинари и наша работа е да ја информираме јавноста – вели Такер во објава на платформата „Х“.

Војната во Украина, додава тој, е човечка катастрофа.

– Илјадници луѓе загинаа. Цели генерации млади Украинци. Најголемата земја во Европа губи луѓе. Но, долгорочните ефекти се уште полоши. Оваа војна ги преобликува глобалните воени и економски сојузи, како и последиците. На крајот ја преврти светската економија – вели познатиот новинар.