НАТО испрати јасно предупредување до рускиот претседател Владимир Путин со објавување на видео на кое се демонстрира моќта на воената алијанса, а на кое може да се види на небото над Европа како летаат два американски стратешки бомбардери Б-52, способни да носат нуклеарно оружје, заедно со шест борбени авиони од Шпанија, Италија и Романија.
Спектакуларната снимка, направена од пилотската кабина на еден од двата бомбардери Б-52 Стратофортрес, покажува како лета над облаците заедно со борбени авиони на НАТО.
Предупредувањето до рускиот претседател доаѓа откако неговите авиони пресретнаа два бомбардери над Балтикот оваа недела – прва средба меѓу двете страни откако Русија собори американско беспилотно летало.
„Погледнете ја пилотската кабина на бомбардерот Б-52 Стратофортрес на американските воздухопловни сили кој работи со сојузниците од НАТО за време на мисијата BTF (Bomber Task Force), зајакнувајќи го нашето евроатланско партнерство“, твитна воздухопловната команда на НАТО.
На видеото може да се видат италијански тајфуни, шпански Ф-18 и романски Ф-16.
Get a cockpit view of the @usairforce ??B-52 Stratofortress bombers working with @NATO Allies ?????? during a recent mission over Europe
The B-52s are training with Allied Air Forces during their BTF mission strengthening our Euro-Atlantic partnership#StrongerTogether pic.twitter.com/i1JknUUFqt
— NATO Air Command (@NATO_AIRCOM) March 21, 2023