По точно 15 години, култниот српски хип хоп бенд „Белградски синдикат“ во саботата одржа концерт пред преполната сала Чаир во Ниш – а публиката го искористи моментот да скандира навредливи пораки до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Како што најавија претходно, концертот во Ниш е особено важен бидејќи е и роденденски концерт – „Белградски слави“ слави 24 години постоење.
На добро познатата екипа на сцената и се придружуваат Павлина Радовановиќ, Фурио Џунта, Мали Мире и Демонио.
Пред концертот, овој хип-хоп бенд сними нова песна „Чекам среќа“, чии кадри од спотот се препознатливи за секој Нишлија.
Во еден момент од концертот, полната сала Чаир почна да извикува навредливи пароли кон претседателот на државата, нарекувајќи го „Вучиќу пе.еру“.
Навредливото скандирање следува еден ден откако Александар Вучиќ ја започна својата промотивна турнеја во Врање, најавувајќи ново движење – нова партија која нема никаква врска со Српската напредна партија на чие чело е.
Hala Čair, Niš sinoć na koncertu. Reakcija na Vranje juče… pic.twitter.com/pEUaSVbXyX
— Mila Vujić (@MilaVujic) March 12, 2023