Рускиот претседател Владимир Путин предизвика дополнителни гласини во јавноста за неговото здравје, откако немирно и неправилно ги движеше нозете додека седеше за време на средбата со претседателот на Белорусија, Александат Лукашенко.
На видео споделено од Кремљ, се гледа како рускиот лидер ги движи стапалата горе-долу и колената од една страна на страна на друга, цела минута и дваесет и три секунди, додека зборува со Лукашенко.
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, го коментираше видеото на Твитер.
„Нозете на Путин за време на средбата со Лукашенко. Дали е ова Морзеова шифра?“
Многу други кои го виделе видеото се запрашале што се случува, додека некои сугерирале дека тоа може да биде знак за Паркинсонова болест, бидејќи синдромот на немирни нозе е чест проблем за оние кои страдаат од оваа болест.
За здравјето на Путин се шпекулираше и пред војната во Украина. Се шпекулираше дека рускиот лидер боледува од рак, а неколку истражувачки руски блогови претходно објавија дека Путин патува со тим лекари. Подгревајќи ги шпекулациите, Кремљ беше обвинет од многумина дека претходно ги снимал појавувањата на Путин пред камери за да остави впечаток дека тој работи во јавноста.
Putin’s feet during his meeting with Lukashenko.
Is this Morse code? pic.twitter.com/eRmvSBDQOn
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 17, 2023