Маж од Србија го доби епитетот „најсреќен Србин“ откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како буквално за неколку милиметри избегнал страшна смрт.
Неименуваниот маж имал голема среќа откако излегол од автомобилот и избегнал сигурна смрт само од чиста случајност кога автобусот поминал покрај неговото возило и потоа удрил во него.
Засега не е познато кога се случила несреќата во областа Рашка, во која никој случајно не загинал.
На снимката од надзорните камери се гледа како маж излегува од својот автомобил на паркингот пред продавница, за само неколку секунди подоцна да помине автобус со голема брзина. Човекот шокиран гледа како автобусот удира во неговиот автомобил.
View this post on Instagram