(ВИДЕО) Ова е последната кривина на возачот пред трагичната смрт – со брзина од 150 км/час изгубил контрола над автомобилот

Крег Брин, ирски возач кој возеше за Хјундаи, загина на тренинг во четвртокот во Хрватска.

На делницата помеѓу Стари Голубовац и Лобор, во 12 часот и 40 минути се случила трагична несреќа кога излетал од патот кој бил затворен за сообраќај.

Предниот лев дел од автомобилот удрил во столб, сопатникот Џејмс Фултон не е тешко повреден.

Advertisements

Се претпоставува дека до несреќата дошло поради големата брзина, лизгавиот асфалт и дождот поради што со брзина од 150 километри на час изгубил контрола над автомобилот, а ударот во дрвениот столб бил фатален.

Социјалните мрежи се преплавени со видеа на кои обожавателите се збогуваат со познатиот возач, едно од нив е создадено непосредно пред трагедијата.

@vlado01v #wrcmotorsport #wrc #rally ##novigradnadobri ##skoda ♬ original sound – vladimir perušić