(ВИДЕО) Ова не му е прв пат на американскиот претседател – Бајден падна додека се качуваш да влезе во авионот

Американскиот претседател Џо Бајден (80) се сопна и падна додека се качуваше по скалите да влезе во претседателскиот авион, пренесе Фокс Њуз.

Бајден го заврши своето патување во средата, а камерата го сними на скалите за време на влезот во авионот, додека од Варшава се враќаше во САД по тридневната посета на Европа во која беа вклучени по Украина и Полска.

Advertisements

Бајден го изненади целиот свет во понеделникот кога се појави во Киев, во Украина, по таен лет од од базата Ендруз, преку Германија, до Полска, а потоа непроспиено 10-часовно патување преку границата до Киев.

Фокс њуз потсетува дека американскиот претседател во март 2021 година падна на скалите на претседателскиот авион “Air Force One”. Во јуни, тој исто така падна од велосипед додека беше на викенд во Делавер.