(ВИДЕО) Погледнете го најновиот невидлив американски бомбардер

Ова е најновиот стратешки бомбардер од моделот „B-21 Raider“ кој беше претставен од американското воено воздухопловство и од еден од најголемите одбранбени производители во САД компанијата „Northrop Grumman“  вчера во Палмдејл, Калифорнија.

Станува збор за летало базиран0 на невидливата технологија која треба постепено да ги заменува стратешките авиони од периодот на Студената војна.

Авионот „B-21 Raider“, како што беше објаснето во директниот пренос на презенатацијата на официјалната веб-страница на „Northrop Grumman“ ќе може да стаса до која и да е локација на светот, да носи нуклеарно и ненуклеарно оружје и да се справи со најнапредните системи на противвоздушната одбрана благодарение на напредната „стелт“ технологија.

Advertisements

Американскиот министер за одбрана Лојд ОСтин објасни дека леталото е доказ за „доглотрајните американски предности во генијалноста и иновативноста“.

Остин рече дека авионот претставува значаен напредок во однос на постојните бобмардери во американската воздухопловна флота, додавајќи дека „дури и најсофистицираните системи за противвоздушна одбрана“ тешко ќе го лоцираат „B-21 Raider“ на небото.

Други поединости за невидливиот бомбардер очекувано ќе останат врвна тајна.

Остин пред презентацијата, настанот го најави на Твитер опишувајќи го како „историски“.

Самиот произведувач го позицинира својот бомбардер како „едеинствен авион од шестата генерција во светот“.

„Во овој авион се вложени педесет години напредок во технологијата за ниска видливост“, рече Остин и додаде дека авионот, исто така, е изграден со „архитектурата на отворен состем“, која овозможува вградување „ново оружје кои сѐ уште не е изумено“.

Се очекива во иднина да бидат претставени и беспилотни модификации на овој модел.

ФОТО: CNN