Медиумите во БиХ пишуваат дека по улиците во Сараево е забележана мечка која успеале и да ја снимат. Ова ги вознемири граѓаните, па како што објавуваат сараевските медиуми на учениците им било забрането да излегуваат надвор од училиштата.
Претседателот на Ловечкото здружение Стари град Муриз Буква за Н1 изјавил дека мечката не е фатена.
„Се работи на тоа. Таа се сокри во шумата кај касарната на Змаевац. Сè е зараснато и тешко може да се лоцира, но сè е под контрола“, изјави тој.
Засега нема пријавени штети, па се претпоставува дека мечката заталкала барајќи храна.
Na ulicama Sarajeva primijećen je medvjed, nakon čega je upućen interventni tim Lovačkog društva Sarajevo. Medvjed je usmjeren u pravcu nenaseljenog područja, tako da je neobični “izlet” divlje životinje završen bez posljedica.#BiH #Sarajevo #medvjed #životinje pic.twitter.com/FOoWaspCVB
— TRT Balkan BHSC (@TRTBalkanBHSC) May 18, 2023