(ВИДЕО) Политичари се истепаа на седница, едвај ги раздвоија

Советници во Советот на српската општина Аранѓеловац за време на седница на која се расправало за измени и дополнувања на урбанистички план се степале, а од инцидентот се појави и видео на социјалните мрежи.

Во тепачката учествуваат синови на пратеникот Зоран Зечевиќ, од движењето Заветник и Микица Васиќ, советник од Српската напредна странка на Александар Вучиќ.