Дмитриј Рогозин, поранешниот шеф на руската вселенска агенција Роскосмос, е повреден во украинското гранатирање на Доњецк, јавуваат руските агенции.
„Хотел во предградието на Доњецк каде што беше гранатирана група воени советници предводена од Дмитриј Рогозин. Дмитриј добил рана на грбот и бил пренесен во болница. Неговиот живот не е во опасност“, објави неговиот помошник.
Руски медиуми објавија дека во нападот загинале две лица, а неколку други се повредени.
„Очигледно е дека се работи за цел напад. Експертите веруваат дека тоа е изведено со самоодна хаубица Цезар од 155 милиметри, произведена од француската компанија „Некстер“, додаде помошникот на Рогозин.
Заедно со Рогозин, повреден е и поранешниот заменик-премиер на Русија, Виталиј Хотсенко, премиерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, пренесува Ројтерс.
Рогозин беше на чело на руската вселенска агенција до јули оваа година, а сега ја предводи групата воени советници „Царски Вукови“ во Донбас.