(ВИДЕО) Потресни сцени од новата катастрофа во Турција – новинарката на СНН се расплака додека известуваше во живо

По новите земјотреси кои ја погодија Турција, со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала, репортерката на турски јазик на Си-Ен-Ен се расплака додека известуваше во живо.

Како што можете да видите на видеото, таа се јавила од шаторската населба која е привремено создадена за преживеаните од претходните разорни земјотреси кои ја погодија оваа земја и на сред извештај и затрепери гласот и почна да плаче.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што ја погодија истата област пред две недели.

Advertisements