(ВИДЕО) Поворката со ковчегот на Пеле стигна до највисоките гробишта во светот, каде ќе биде погребан на 9-ти кат

Телото на легендарниот бразилски фудбалер Едсон Арантес до Насименто Пеле е пренесено од стадионот на Сантос „Урбано Калдеира“ до гробиштата каде што ќе биде погребан.

Пеле почина на 83-годишна возраст, во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло. Посмртните останки на легендарниот фудбалер беа префрлени од болницата на стадионот на Сантос „Урбано Калдеира“, каде навивачите дојдоа да му оддадат почит и да се збогуваат, а денеска оттаму започна поворката до гробиштата каде ќе биде погребан.

Ковчегот со „кралот“ на фудбалот, кој се возеше на противпожарно возило, помина низ делот од градот во кој живее стогодишната мајка на Пеле, Селест Арантес, а набргу потоа до местото на неговото вечно почивање.

Advertisements

Еден од најдобрите фудбалери ќе биде погребан на 9. кат на „Вселенската некрополска меморија“, највисоките гробишта во светот. Пеле побарал да биде погребан на 9-ти кат затоа што неговиот татко го носел бројот 9, но и затоа што, како што рекол, од таму се гледа стадионот на Сантос.

На поворката присуствуваше и бразилскиот претседател Луис Ињасио Лула да Силва, кој вчера официјално ја презеде функцијата, а ова беше негово прво патување на функцијата надвор од Бразилија.