(ВИДЕО) Разорна експлозија на Крим – уништени руски проектили

Експлозија во северниот дел на анектираниот полуостров Крим уништи руски проектили кои биле превезувани со воз, објави украинското министерство за одбрана. Проруските власти во градот Џанкој кажаа дека областа била нападната со дронови.

Иако ги потврди експлозиите, Украина, како и во претходните слични случаи, не презеде одговорност за нив.

„Овие експлозии го продолжуваат процесот на демилитаризација на Русија и го подготвуваат украинскиот полуостров Крим за деокупација“, стои во соопштението на украинското министерство за одбрана.

Оттаму додаваат ддека станува збор за проектили „Калибар“ наменети за руската црноморска флота.