Бројни експлозии и сирени за воздушен напад се слушнаа во Киев и други градови во Украина во првите неколку часа од 2023 година.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во текот на ноќта во центарот на градот, еден автомобил бил оштетен од парчиња од украински противвоздушни ракети, но нема повредени. Според градските власти, 23 руски проектили или беспилотни летала биле уништени на небото над Киев на новогодишната ноќ.
Нападите се случија неколку моменти откако украинскиот претседател Владимир Зеленски упати новогодишна честитка во која и посака победа на својата земја во 10-месечната војна.
Украинското воено воздухопловство уништи 45 ирански јуришни беспилотни летала лансирани од руските сили на новогодишната ноќ, соопшти утрово Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина. Наведено е дека на новогодишната ноќ руските сили ја нападнале Украина со беспилотни летала камикази од иранско производство Шахед-131/136, а украинската воздушна одбрана уништила 45 авиони.
⚡️Very powerful blast in Kiev. pic.twitter.com/fFlUmcRlxd
— War Monitor (@WarMonitors) January 1, 2023