(ВИДЕО) Се појави сина светлина на небото пред потресот во Турција – што значи ова?

Постојат голем број теории за феноменот на сина светлина што се појавува при земјотреси, но тешко е да се докажат, бидејќи „земјотресните светла“, како и земјотресите при кои се појавуваат, се крајно непредвидливи и краткотрајни.

Турција вечерва повторно беше погодена од серија силни земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала. На социјалните мрежи се шири видео од камера на возило кое го сними моментот на страшен потрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. За време на земјотресот на небото се појавија блесоци на синкаста светлина, кои беа видливи и при првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер пред две недели. Светлината може да се видии на видеото подолу.

 

Во интервју за списанието National Geographic во 2014 година, научникот и постар истражувач во НАСА и професор по физика на Универзитетот во Сан Хозе и еден од коавторите на студијата за овие светла, Фридеман Фројнд, изјавија дека светлосните феномени се случуваат поради електричните својства на карпите на земјата. Според Фројнд, земјотресите ослободуваат електрични полнежи од карпите, кои испуштаат сина и зелена светлина кон небото, пишува хрваткиот портал 24.

Advertisements

Освен ова, постојат и низа други теории, а во едната се наведува дека при тектонски пореметувања се создава таканаречениот пиезоелектричен ефект, при што карпите кои содржат кварц произведуваат силни електрични полиња кога се компресирани на одреден начин.

Овие теории тешко се докажуваат, бидејќи „земјотресните светла“, како и земјотресите при кои се појавуваат, се крајно непредвидливи и краткотрајни.

Некои геолози веруваат дека оваа светлина нема никаква врска со земјата. Тие тврдат дека станува збор за експлозии кои доаѓаат од генератори и други енергетски системи за време на земјотрес, а кои потоа може да се видат на ноќното небо.

Меѓутоа, во студијата спроведена од физичар од Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси и објавена во 2014 година, се вели дека зрната од различни материјали, како брашно, пластика и гипс, создаваат напон кога се тресат.

Научниците го припишуваат овој ефект на триење помеѓу зрната на материјалот, а нивниот експеримент е во спротивност со другите теории споменати погоре.

Никој со сигурност не знае што предизвикува сини блесоци, па затоа дискусиите за овој феномен често се вжештени.