(ВИДЕО) Се појави страшна снимка од првиот земјотрес во Караманмараш со јачина од 7,7 степени

Турските медиуми објавија видео од првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер кој се случи во Караманмараш. Снимката е од безбедносна камера, која снимила пат, куќа и две паркирани возила во моментот на страшниот земјотрес.

За време на земјотресот, на видеото се гледа тресењето на возилото како лулка. Дури и камерата која ги снимила тие моменти по извесно време откажала поради земјотресот.