Турските медиуми објавија видео од првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер кој се случи во Караманмараш. Снимката е од безбедносна камера, која снимила пат, куќа и две паркирани возила во моментот на страшниот земјотрес.
За време на земјотресот, на видеото се гледа тресењето на возилото како лулка. Дури и камерата која ги снимила тие моменти по извесно време откажала поради земјотресот.