(ВИДЕО) Се слушнаа истрели, Трамп крвав во лицето падна на земја, пренесен е во болница

 Доналд Трамп бил повреден кога на митинг на републиканскиот претседателски кандидат во Пенсилванија одекнаа повеќе истрели. На видео објавено од американските медиуми се гледа крв во пределот на десното уво на Трамп.

Поранешниот претседател штотуку го започна својот говор во Батлер, Пенсилванија кога одекнаа истрели. Агентите на Тајната служба се втурнаа околу него, а на видеото во живо може да се забележи крв на десната страна од лицето и увото на Трамп. Тој беше веднаш евакуиран од бината.

Трамп покажуваше табела со бројот на луѓе кои ја преминале границата кога се случи инцидентот. Бил забележан како ја пружа десната рака до вратот.

Advertisements

Се верува дека едно лице е мртво, објави WTAE филијалата на ABC во Питсбург, цитирајќи го окружниот обвинител на округот Батлер Ричард Голдфингер.

„Тајната служба спроведе заштитни мерки и поранешниот претседател е безбеден“, објави портпаролот на агенцијата на X по, како што го нарече – инцидентот. „Ова сега е активна истрага на Тајната служба и дополнителни информации ќе бидат објавени кога ќе бидат достапни“.

Си-Ен-Ен објави дека Трамп е пренесен во болница, но не даде други детали.

Полициската управа на Њујорк го засили своето присуство во и пред кулата Трамп и други чувствителни локации. Според портпаролот на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, градоначалникот бил информиран за инцидентот. Полицијата исто така, ќе ја зголеми безбедноста на Вол Стрит, Фоли Сквер и Градското собрание.

Кулата Трамп на Менхетен веќе е под надзор на Њујоршката полиција, иако Трамп ретко ја посетува својата поранешна резиденција. Со текот на годините, кулата Трамп служеше како место за собирање на поддржувачите и противниците на поранешниот претседател.

Портпаролот на Доналд Трамп, Стивен Чеунг, објави дека поранешниот претседател на САД „е добро“.

„ Трамп им се заблагодарува на органите на редот и на првите што реагираа со брза акција за време на овој грозоморен чин. Тој е добро и е на преглед во локалната медицинска установа. Повеќе детали ќе следат“, се вели во соопштението на Чеунг.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, објави соопштение по инцидентот на митингот на поранешниот претседател Трамп, нагласувајќи: „Згрозен сум од она што се случи на митингот на Трамп во Пенсилванија и добро е што поранешниот претседател Трамп е безбеден. Политичкото насилство нема место во нашата земја“.