(ВИДЕО) Шокантна снимка од последните моменти пред мистериозната смрт на познатата одбојкарка

Светот на одбојката е обвиен во црно, младата италијанска одбојкарка Јулија Итума (18) е пронајдена мртва во Истанбул, каде нејзиниот тим Новара го играше реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Езачибаши.

Се појави снимка на која може да се види како оди низ ходникот, потоа седи и плаче пред собата, а потоа станува, го погледнува телефонот и влегува во собата. Тогаш последен пат беше видена. За сето тоа имаше различни шпекулации, полицијата соопшти дека паднала од прозорецот на хотелската соба, но ништо повеќе не се наведува.

Сепак, некои медиуми во Турција шпекулираат дека таа не паднала случајно, туку се самоубила, а се наведува и дека во собата била нејзината цимерка и не слушнала ништо додека полицијата не ја разбудила во раните утрински часови.

Advertisements

Јулија играше на позицијата коректор, висока беше 192 сантиметри и со Италија го освои Европското првенство за одбојка до 19 години. Оваа одбојкарка, родена во Милано од родители од Нигерија, имаше и злато од Светското првенство до 20 години во 2021 година, како и освоено злато на младинските олимписки игри.