На социјалните мрежи се појави видео од експлозија во кафуле во Санкт Петербург, во која загина рускиот воен блогер Владлен Татарски.
Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација потврди дека Татарски загинал во експлозијата и дека 16 лица се повредени. Според првичните информации, девојка дошла на средба со Владлен Татарски и со себе носела експлозивна направа која била вградена во фигура.
Девојката му ја подарила фигурата на воениот блогер. На местото на настанот излегле 13 екипи на Брза помош.
The moment of an explosion in a cafe in St. Petersburg. Propagandist Vladlen Tatarsky held an event there. He is reportedly killed and six others were wounded. pic.twitter.com/lWijn522qN
— NOËL ?? ?? (@NOELreports) April 2, 2023