На социјалните мрежи е објавена застрашувачка снимка од едно момче од Сирија кое од урнатините ги повикува спасувачите да го пронајдат и вели дека не знае дали ќе преживее.
„Го снимам ова видео, не знам дали ќе живеам или ќе умрам. Ако ова видео се сподели, можеби тоа значи дека ќе ме најдат“, вели момчето во видеото.
Како што вели и самиот, никој не може да знае низ што минува, ако не бил во неговата ситуација.
„Не можете да го знаете ова чувство ако не сте го доживеале. Ова може да го разберат само оние кои биле под урнатините“, вели тој во видеото, додавајќи дека во зградата во која живеел пред земјотресот имало уште три или четири семејства.
This Syrian boy records himself from
under the rubble after his home collapsed
due to the earthquake.#TurkeySyriaEarthquake #Turkey #earthquakes #HelpTurkey #syriaearthquake #Turquia pic.twitter.com/42hodIXqOV— Subhan Jamil (@SubhanJamil17) February 8, 2023