Војната во Украина порано или подоцна ќе стигне до најголемите градови во Русија, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володомир Зеленски.
„Внатрешната ескалација на војната во Русија е неизбежна. Такви градови кои се разгалени, мрзливи, кои мислеа дека живеат во друга реалност, како што се Москва, Санкт Петербург, Екатеринбург“, рече тој.
Подољак не прецизираше кој точно и зошто ќе организира вакви напади, а како причина ја наведе „неинформираноста“.
Тој нагласи дека „Украина не ја напаѓа Русија“, но „логиката на војната“ му дозволува да даде таква прогноза.
Advisor to the Ukrainian President Mikhail Podolak:
We will hit Moscow, St. Petersburg and Yekaterinburg… This is inevitable…#Bakhmut ♥️ #Kherson#Kyiv #Lviv #Ukraine ??#Moscow #Russia pic.twitter.com/6CabU526CD
— RakanSlmaan (@RakanSlmaan) January 24, 2023
Во меѓувреме, руските власти почнаа да ја подготвуваат Москва за заштита од можни удари на украински беспилотни летала, кои претходно ја нападнаа руската територија на стотина километри од борбената зона.
Во медиумите и социјалните платформи се појавија фотографии и видеа од распоредувањето на системи за противракетна одбрана во главниот град.
Ракетните системи за ПВО Панцир се распоредени на покривите на седиштето на Министерството за одбрана на Русија, потоа во близина на Националниот парк „Лошини Остров“ и на експерименталните полиња на Академијата Темиријазев.
Подоцна, во близина на воениот аеродром Остафјево, деловниот аеродром на Газпром-Авија, како и во близина на резиденцијата на претседателот Владимир Путин во Ново-Огарево, биле забележани противвоздушни ракетни системи Панцир.
❗️ An anti-aircraft missile system “Pantsir-S1” was installed on the roof of an administrative building in #Moscow. pic.twitter.com/RbO3xqSwfY
— NEXTA (@nexta_tv) January 19, 2023
Системи за противвоздушна одбрана беа инсталирани и на згради во близина на Кремљ во Москва.
Кремљ соопшти дека не може да коментира за масовното распоредување на системи за противракетна одбрана во станбените области на Москва и ги упати сите прашања до Министерството за одбрана.
Одлуката за зајакнување на одбраната на главниот град е донесена во врска со украинските напади на аеродромите во регионите на Саратов и Калуга, изјавија за Блумберг извори запознаени со ситуацијата.
Аеродромот кај Калуга беше нападнат на почетокот на октомври, а базата за стратешки бомбардери Енгелс беше нападната три пати: на 5, 26 и 29 декември. Двата објекти се наоѓаат на околу 500 километри од Москва.
Во јануари Украина објави дека речиси го завршила создавањето на офанзивно беспилотно летало со домет од над 1.000 километри.
Примерокот веќе ги помина првите тестови и конечно ќе биде готов по демонстрациите пред раководството на Вооружените сили на Украина.