Патнички воз кој сообраќал на релацијата Атина – Солун излета од шините по судир со товарен воз кој сообраќал на релацијата Солун-Лариса. Најмалку 32 лица загинаа, додека над 60 се повредени. Еден од спасувачите кои веднаш пристигнале на местото на настанот ја опиша катастрофата која ја затекнал.
„На местото на настанот испративме 20 волонтери на Црвениот крст од Ларис, Катерин и Еласон. На првите три вагони не можеше да се пристапи затоа што избувна пожарот. Стигнавме триесет минути по полноќ “, рече спасувачот Никос за локалните медиуми.
Како што опишува, тој на лице место затекнал голем број жртви, пренесува Прототема.
„Ситуацијата беше трагична, имаше многу мртви, од еден наутро па понатаму, само мртви извлекувавме. Во нивите затекнавме четири до пет лица кои не беа живи, а во вагоните -претежно во првите три – немаше никој жив. Повредените излегоа во првиот час и час до половина, а потоа извлекувавме само мртви“, вели Никос.