(ВИДЕО) Спасувачите му подготвија трогателен подарок на детето кое го извлекоа од урнатините во Турција

Членови на Националниот тим од Црна Гора кои за време на спасувачката акција во Турција спасија четиригодишно момче, му подготвија трогателен подарок за неговиот утрешен роденден.

Од дедото на момчето дознале дека Ахмет сака таблет за роденден, па спасувачите собрале пари и му купиле подарок, но направиле и роденденска торта, пишува Вијести.

Снимиле и видео во кое му го честитаат роденденот.

Advertisements

Видеото веќе стана вирално, а како што дознава Вијести, ќе биде титлувано на турски и испратено до момчето.