(ВИДЕО) Српски фудбалер се сруши на теренот, се освести и сакаше да се врати во игра

Драгиша Гудељ, брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, падна во несвест на фудбалскиот терен додека се играше натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг Фенарол.

Медиумите објавија дека фудбалерот имал застој во работата на срцето, но дека 25-годишниот сега е стабилен и под постојана медицински надзор.

Како што понатаму наведуваат шпанските медиуми, кога Гудељ се освестил сакал да се врати во игра, но тоа не му било дозволено и бил пренесен во најблиската болница на дополнително испитување.

Advertisements

По овој немил настан, натпреварот беше прекинат во 11 минута, при резултат 1:1, со головите на Фран Манзара и Вили.