(ВИДЕО) Страотни снимки од невремето во Србија – ветрот носи покриви како да се од картон

Откако невремето направи хаос во Италија, Словенија, Хрватска, силен дожд пропратен со грмежи и силен ветер пристигна и во Србија. Невремето прво ја зафати Војводина, почнувајќи од Сомбор и Апатин, па стигна до Нови Сад, каде што предизвика хаос и огромни штети.

Ветерот соборил дури и два крана, а интервенирале пожарникарите кои спасиле жена од камион на кој паднало дрво.

„Ветерот ги носеше покривите како да се од картон. На страницата 192 на Инстаграм се појави видео од новосадската населба Саилово на кое се гледа како силниот ветер го „олупи“ покривот од двокатна куќа и го фрла како да е од хартија“, јавуваат српските медиуми.
И Белград татни од грмежи, дел од градот останал без струја, а дува и силен ветер кој носи сè пред себе, јавува Блиц.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) издаде ново итно предупредување за следните два часа на подрачјето на Белград.

„Во следните два часа локално на подрачјето на Белград и поширокото подрачје се очекуваат силни врнежи со грмежи и невреме, поради што можна е материјална штета, а може да биде загрозена и безбедноста на луѓето и животните“, се наведува во предупредувањето.

Advertisements

Претходно, метеоролозите предупредија на краткотрајни дождови или врнежи со грмежи, како и дека целиот регион стравува од ударот на суперклеточната бура, која во Хрватска пристигна од Италија и Словенија, а се очекуваше да го продолжи кон Србија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)