Светот сè уште верува во чуда бидејќи спасувачите во Турција сè уште успеваат да најдат преживеани во урнатините десет дена по разорните земјотреси.
Меѓу последните извлечен е маж (74), кој во урнатините поминал 227 часа.
Пет часа пред тоа спасувачите од урнатините ја извлекле Мелика Имамоглу (42), која била затрупана под урнатините 222 часа.
Спасувачите кои на сигурно ја извлекоа Мелика од урнатата седумкатница велат дека претходно изгубиле секаква надеж дека ќе најдат некого.
„Овде сме од првиот ден, останаа две згради за пребарување. Од едната вадевме безживотни тела. Изгубивме секаква надеж, но Господ ни покажа дека тоа не смее да се случи. Кога ја преместивме последната плоча, видовме четири безживотни тела и ископавме за да ги извадиме. Потоа слушнавме тивко „помош“ како доаѓа одоздола… Нозете ни беа отсечени, не знаевме што да правиме од среќа“, вели спасувачот.
Набргу потоа успеале да остварат контакт со Мелика.
„По неа трагавме. Беше во добра состојба. Незнам што да ви кажам… Помина без вода и храна под урнатините толку долго“, вели спасувачот.
?? | URGENTE: MILAGRO 222 HORAS DESPUÉS DEL TERREMOTO: ¡Rescate de récord!
Una mujer de 42 años fue sacada milagrosamente con vida de entre los escombros 222 horas después del terremoto en Turquía. Su nombre es Melike Imamoglu. ?♥️?? pic.twitter.com/JBHq2SKwjX
— Alerta Mundial (@AlertaMundial2) February 15, 2023
Турските медиуми јавуваат дека спасувачите копале со раце за да направат тунел до затрупаната Мелика. Кога конечно стигнале до неа, еден од нив ја фатил за рака и не ја пуштил додека не ја извлекле.
Спасувачите копале повеќе од еден час за да дојдат до неа. Успеале да ја извлечат утрово околу 10:30 часот.
Постојано и велеле дека нема да ја остават.
“Не трошете ја вашата сила. Нема да одиме никаде без вас. Ве молиме смирете се, ние сме тука. Нема причина повеќе да се грижите. Ве молиме не паничете. Ние сме тука сега, ќе ве извлечеме“, ја тешеле спасувачите пред да ја спасат.
Откако Мелика им беше предадена на екипите на Брзата помош, спасувачите не можеа да ги сокријат солзите радосници.
42-year-old woman Melike Imamoğlu rescued on 10th day after deadly twin quakes centered in Kahramanmaraş pic.twitter.com/EkEO8EzFvI
— DAILY SABAH (@DailySabah) February 15, 2023