Се појави видео од синоќешната несреќа на потонувањето на познатиот белградски сплав „Фристајлер“, на кое се гледа и слуша како трубачи свират на кејот од реката додека сплавот тоне и гостите се обидуваат да се спасат.
View this post on Instagram
Познатиот сплав на Сава почна да тоне нешто по полноќ, додека на него се организираше новогодишна прослава. Според последните информации објавени во српските медиуми, повеќе лица се полесно повредени.
View this post on Instagram
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека, според неговите информации, причината за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ е тоа што на него се качиле два до три пати повеќе луѓе од потребното и дека понтоните се додаваат на сплавовите не беа со иста издржливост како претходните.
„Ќе се обидеме да извлечеме поука од ова, за никогаш да не се повтори и да одговораат оние кои следниот пат ќе дозволат поголем број луѓе од пропишаните, а ќе треба да пропишеме да се испита квалитетот на понтонот и да се да се даде јасен услов колку луѓе можат да влезат. Ќе имаме контроли, ќе има драконски казни, ќе има кривични казни, без разлика дали нешто ќе се случи или не“,нагласи Шапиќ во изјавата за новинарите.