(ВИДЕО) Урсула фон дер Лајен остана без текст кога новинарите ја прашаа за врските на Шинас со Катар

Новинарите на денешната прес конференција на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен останаа без одговори на прашањата за односот на потпретседателoт Маргаритис Шинас со Катар, што предизвика револт кај нив затоа што не ги добија сите одговори за најголемиот корупциски скандал во Европската Унија во последните години, пишува Политико.

„Не одговоривте на ниедно прашање“, реагираше еден новинар, а заменик портпаролката на Европската комисија Дана Спинант во тој момент реши да ги прекине новинарските прашања.

Тоа, како што јавува Политико, предизвика бурна реакција во просторијата.

Advertisements

„Ова не е начин на кој тука се организира конференција за новинари“, одговори Спинант.

На прашањето за одговорот на Европската комисија за корупцискиот скандал со Катар, а особено за ставовите и потенцијата вмешаност на Шинас, Фон дер Лајен молчеше.

Таа одговорила на други прашања за скандалот, но не одговори на новинарското прашање за околностите на посетата на Шинас на Катар.

Портпаролот на Европската комисија објасни дека присуството на комесарот во Катар е во својство на потпретседател одговорен за спорт.

„ Потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Шинас беше повикан на отворањето на Светскиот куп 2022, со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, кои исто така беа присутни.