(ВИДЕО) Внимавајте кога јадете хамбургер или скара – лекарка сподели неверојатно искуство

Докторката Меган Мартин, педијатар од итната медицинска помош, упати предупредување до родителите за необичниот случај на четиригодишно момче. На „ТикТок“ таа со своите следбеници ги сподели деталите за „еден од најинтересните случаи“ што ги имала во својата кариера.

Лекарката ги презентира фактите за случајот во кој едно момче страдало од ужасни болки во увото. Таа се надева дека тоа би можело да спаси нечиј живот.

„Јадеше хамбургер на скара кога наеднаш се фати за уво и почна да плаче жалејќи се на болки во увото“, вели Мартин.

Advertisements

Семејството го донело момчето во итната медицинска помош и тој бил подложен на сосема нормален преглед на увото. Неговото семејство му дало лекови против болки и добило упат да посети специјалист за уво, грло, нос (ЕНТ) неколку дена подоцна.

Но, по целосен преглед на ОРЛ, ништо не е пронајдено.

Момчето продолжило да зема лекови, а семејството се обидело да му помогне и ставајќи му капки во увото за да ја ублажи болката, но ништо не помогнало.

Два дена подоцна повторно се јавиле на лекар за да одат на снимање, но резултатите повторно покажале дека се изгледа нормално. Но, болките на момчето не стивнувале.

Неколку дена подоцна, момчето и неговото семејство се вратиле во болницата каде овој пат доктор Мартин бил педијатар на повик.

– Имаше температура и не сакаше да јаде и да пие, а ние немавме поим што се случува со него. Неговиот преглед на увото бил сосема нормален, но сепак се жалел на болки во увото.

Откриле дека има „мал оток“ на десната страна на грлото околу пределот на крајниците.

„Значи, дадовме се од себе. Направивме скенирање на вратот во кое беа вклучени ушите. Направивме еден куп лабораториски наоди, му дадовме течности, ги направивме сите тестови што ни паднаа на памет“, вели докторката.

Одговорот го добиле по скенирањето. Момчето имало метална жица од два сантиметри „вметната во перитонзиларното ткиво на десната страна“, што предизвикало околу него да се развие перитонзиларен апсцес.

„Јадеше хамбургер кога се случи ова. Металните жици на четката за скара се заглавиле во хамбургерот. И кога го изел хамбургерот, тој се заглавил во меките ткива. Чувствувал болка во увото, веројатно поради евстахиевата туба, во тој дел е тубата која го води увото до задниот дел на грлото“ вели докторката во видеото.

Момчето било испратено во операционата сала, каде што хирурзите успеале да ја отстранат металната жица и да го исцедат апсцесот. Почнал да зема антибиотици и болките целосно му исчезнале.

„Не користете четки за скара со метални жици. Не постои само ризик дека може да се заглави во меките ткива во вашето грло. Може да предизвикаат и интестинални опструкции и перфорации во стомакот доколку случајно се проголтаат“, заклучува докторката.

@beachgem10

One of my most interesting cases has a lesson that could save your life! #case #medicine #interesting #summer #ent

♬ original sound – Beachgem10