Новинарот на телевизија НОВА С, Жељко Вељковиќ го шокираше српскиот претседател Александар Вучиќ со своето прашање на вчерашната прес-конференција во врска со масакрот во белградското училиште. Прашањето имаше таков ефект што на Вучиќ му требаа неколку секунди да се собере, а видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи.
„Велите дека децата не гледаат телевизија, но дали би направиле нешто поинаку сега… на тие деца им покажувавте фотографии од убиени и осакатени луѓе (наводни жртви на криминалниот клан предводен од уапсениот Веља Беливук) и зборувавте за сето тоа. Дали мислите дека тоа можеше да придонесе за ова? Дали би го направиле истото денес?
Вучиќ најпрвин видно остана без зборови, а потоа некако успеа да се соземе. Во типичен стил, избегнувајќи директен одговор на прашањето, тој одговори: „Се надевавме дека денес ќе има малку пиетет кон жртвите, дека ќе има почит кон жртвите… Можам да зборувам за мојата одговорност. Дали во тоа училиште се беше направено како што треба? Тешко ми е да кажам, но не гледам што можеше да биде поинаку… Што се однесува до мојата одговорност и прикажување на фотографиите, тие беа прикажани за никогаш да не се случи такво нешто повторно“, заклучи на крајот Вучиќ.
Naš novinar, Željko Veljković (@novinarupenziji), iskoristio je juče priliku da postavi pitanje predsedniku Aleksandru Vučiću pic.twitter.com/HBdQzeX83j
— TV NOVA S (@tvnova_s) May 4, 2023