(ВИДЕО) За влакно спаси жива глава – секунди го делеа од смртта

Ведат Јилдирим е работник на багер што го расчистувал разурнатиот терен во Антакија по катастрофалниот земјотрес во Турција.

Тој успеа да се спаси само за неколку секунди кога сфатил дека зградата под која работел ќе се урне.

„Кога сфатив дека зградата ќе се урне, веднаш скокнав од багерот и почнав да трчам. Одеднаш се крена прашина на сите страни. Не знаев каде да бегам“, изјави Јилдирим за турската НТВ.

Advertisements

На видеото подолу може да се види колку е ризично расчистувањето на урнатините 11 дена по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, при што загинаа повеќе од 43.000 луѓе.