(ВИДЕО) Заборавија како заврши Наполеон – Путин по изјавата на Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека има луѓе во светот кои сакаат да се вратат во времето на инвазијата на Наполеон, но забораваат како заврши тој историски настан.

– Сè уште има такви кои не можат да седат мирни, има луѓе кои сакаат да се вратат во времето на Наполеон, заборавајќи како заврши, рече Путин за време на состанокот со вработените и штитениците на фондацијата „Бранители на татковината“, пренесоа руските медиуми.

Тој истакна дека на Русија и е потребна верзија на мир во Украина која ќе обезбеди стабилен развој и мир за Русија.

Advertisements

Наполеоновата инвазија на Русија во 1812 година првично напредувала брзо со помош на другите околни земји и тој успеал да влезе во Москва. Сепак, руската тактика ја принудила војската на Наполеон на долго повлекување и стотици илјади негови луѓе умреле од болест, глад и студ. На крајот од март 1814 година по еднодневните борби кај Ватерло пред Париз кои ги предводи Русија, француската војска се предава, Наполеон абдицира.

Подоцна бил прогонет на Св. Елена, изолиран остров на југот на Атлантскиот Океан, каде останал до неговата смрт на 5 мај 1821.

Неговата изјава доаѓа ден откако неговиот француски колега Емануел Макрон ја нарече Москва закана за Европа и зборуваше за заштита на другите европски земји со францускиот нуклеарен арсенал.