(ВИДЕО) Зеленски: Знам кој ќе го убие Владимир Путин!

Путин на крајот ќе биде убиен од некој од неговиот најтесен круг на блиски советници“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во документарниот филм „Година“ на украинскиот новинар Дмитри Комаров.

Документарецот беше објавен во петокот, на годишнината од руската инвазија на Украина.

Во документарецот украинскиот претседател предвидува дека во одреден момент ќе има „кршливост“ во водството на Путин, што ќе биде импулс на охрабривање на сојузниците на рускиот претседател да се свртат против него.

Advertisements

„Тогаш месојадите ќе ги изедат месојадите. Ова е многу важно и ќе им треба причина да го оправдаат. Ќе се сеќаваат на зборовите на Комаров, Зеленски… Ќе ги паметат нашите зборови. Ќе најдат причина да го убијат убиецот. Дали ќе успеат? Да. Кога? Не знам“, вели Зеленски во документарецот на новинарот Дмитро Комаров.

Во истиот документарец, Зеленски на јавноста и покажа каде живее и спие од почетокот на инвазијата на 24 февруари минатата година, дозволувајќи им на телевизиските камери да влезат во просторија со импровизирано сместување, која содржи кревет за едно лице, биро, телевизор и гардеробер.