Осумгодишно девојче кое го преживеа земјотресот во Турција уште еднаш е спасено откако паднало во замрзнато езеро во градот Малатја, јавува Ројтерс. Турската полиција објави видео од спасувањето на девојчето кое заврши во езеро откако се обиде да извлече изгубено плишано мече.
An 8-year-old girl who survived the Turkey earthquake was rescued from an icy pond and given a new teddy bear after falling in when she tried to retrieve a lost toy pic.twitter.com/GCwrVD6YAb
— Reuters (@Reuters) February 21, 2023
На видеото се гледа како полицаецот ја извлекува од водата, додека членовите на нејзиното семејство нестрпливо чекаат покрај езерото. Малото девојче подоцна доби ново плишано мече, како замена за играчката која за малку ќе ја чинеше живот.
„Нашата нуркачка полиција спаси 8-годишно дете кое падна во замрзнато езерце додека се обидуваше да си ја земе играчката“, напиша турската полиција на Твитер.
Elinizi asla bırakmayacağız…
Oyuncağını almak isterken buz tutan gölete düşen 8 yaşındaki depremdeze çocuğumuzu, Dalgıç Polislerimiz kurtardı.Durmadan yorulmadan ??#deprem#DalgıçPolis
?Malatya pic.twitter.com/2Y5ReTbHfw
— Türk Polis Teşkilatı (@EmniyetGM) February 21, 2023