Дванаесет годишно момче беше спасено од урнатините на зграда во централната област Антакија во Хатај, Турција, по 260 часа од разорниот земјотрес, објавија турските медиуми.
По земјотресот во центарот на Кахраманмарас, кој беше опишан како „катастрофа на векот“, напорите на спасувачите за пребарување и спасување продолжија во Хатај.
Екипите за пребарување и спасување кои работат на урнатините во населбата Екинци стигнаа до детето. Осман Халебије, беше извлечен од урнатините од страна на екипите за спасување.
Детето со возило на Брза помош било пренесено во болница.